Top Sport

Кајл Вокер уште три сезони во Манчестер Сити

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, потпиша нов тригодишен договор со клубот кој ќе го задржи на „Етихад“ до јуни 2026 година.

Манчестер Сити го купи Кајл Вокер во 2017 година од Тотенхем за сума од 52,7 милиони евра. Оттогаш, 33-годишниот десен бек одигра 260 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и 18 асистенции.

Десниот бек ова лето беше поврзуван со трансфер во Баерн Минхен, но на крајот ќе остане уште три сезони во Манчестер Сити.

„Баерн? Одлуките се носат, работите се менуваат. Бев блиску до трансфер, да, но во фудбалот се случуваат такви работи. Не беше пишано“, изјави Кајл Вокер за „Би-Би-Си“.

 

Scroll to Top