Top Sport

Мирко Лазарески не ја заврши првата трка во велеслалом на СП

Македонскиот скијач Мирко Лазарески не успеа да обезбеди пласман на велеслаломската трка во машка конкуренција на Светското првенство во Куршевел/Мерибел во Франција.

Тој не стигна на целта на првата трка од денешното натпреварување.

Лазарески беше единствениот накедонски претставник кој успешно ги мина квалификациите, а Виктор Петков, Јаков Добрески и Борјан Стрезоски не успеаја во тоа.

Scroll to Top