Top Sport

Мирко Вичевиќ замина од Црвена звезда

Мирко Вичевиќ, очекувано, повеќе не е тренер на ватерполо клубот Црвена звезда. По жестоките навреди од страна навивачите, Вичевиќ реши да се врати во Котор.

Минатата недела, на натпреварот со Шабац, навивачите на Црвена звезда истакнаа скандалозен транспарент на кој пишуваше: „Шиптар, Хрват, Балија, не се моја братија“.

Вичевиќ, иако доаѓа од Црна Гора, е Хрват по националност и е претседател на Хрватското градско друштво во Котор.

Со репрезентацијата на поранешна Југославија тој во 1988 година освои злато на Олимписките игри во Сеул и е најтрофејниот црногорски ватерполист.

Scroll to Top