Top Sport

Младите тенисери се „осоколија“ – Медведев го мразел Федерер

Повеќе од пет години се разговара за новата тениска генерација, таа која ќе треба до тронот да ги симне Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, и сега, конечно, таа се појави. Тие се силни барем „на зборови“.

Откако Ник Кирјос неодамна влезе во директен напад на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, а Стефанос Циципас минатата недела изјави дека веќе се „досадни“ победите на големото трио, денеска Русинот Данил Медведев, уште еден од младите „бунтовници“, призна дека посакува Федерер да ги губи сите мечеви.

23-годишниот Медведев по победата над ветеранот Фернандо Вердаско со 6:2/6:4 на Квинс клаб во Лондон, призна дека не го сака многу Швајцарецот.

„Кога имав 10 години го мразев Роџер. Не можев да го гледам како победува. Навивав од првото коло за другите момци. Исто така, кога Барселона победуваше во фудбалот, сакав тие да загубат. Искрено, ако јас загубам во прво коло, не ми е грижа дали Надал, Роџер или Новак ќе го освојат Ролан Гарос или Вимблдон. Воопшто“, вели Медведев.

Сега, останува, момците своите храбри најави да ги поткрепат со освојување на барем една гренд слем титула.

Scroll to Top