Руската ММА сцена повторно ни носи огромна бизарност, откако фајтерката Дарина Мадзјук покажа дека жените не се послабиот пол, уништувајќи го огромниот блогер Григориј Чистјаков во борба во кафезот.
28-годишната Дарина, иако речиси 200 килограми послаба од својот противник, се покажа како многу посилна од блогерот кој ја предизвика, суредувајќи го уште во првата рунда. Прво Чистјаков се обиде да ја притисне противничката во кафезот, но потоа прими неколку удари праќајќи го на подот, бомбардирајќи го со низа удари за тој да се предаде.
„По мечов ќе морам да почнам да тренирам активно. Да живеам поздрав живот. Блогерката Настја Туки-Тук ќе ми биде тренер. Добив силни удари, иако таа е мала. Не знаев што друго да правам во кафезот“, вели поразениот Чистјаков.