Top Sport

ММА: Ја предизвикуваше противничката, доби брутален нокаут

Украинката Олена Колесник доби брутална лекција дека во ММА кафезот секогаш мораш да бидеш подготвена на секакво изненадување, откако доби брутален нокаут во првата рунда на мечот во средна категорија во ПФЛ федерацијата.

Колесник со раширени раце ја предизвикуваше противничката при крајот на првата рунда, пред да влезе во директен напад, а Бразилката Лариса Пачеко да го искористи ова и со два удари да ја прати на подот. 26-годишната Пачеко сега има уште шест поени во регуларната ПФЛ сезона, откако во првиот меч исто така во првата рунда ја нокаутираше Јулија Пајиќ и сега е фаворит за финалето против шампионката Кајла Херисон.

Колесник, за која ова е четврти пораз во низа, на Инстаграм изјави дека барем ги забавувала фановите.

„Мислам дека ги освоив срцата на луѓето. Благодарам на сите пораки на поддршка кои ги добив. Мразам досадни борби. Вечерва не беше моја, но уште стојам“, изјави Украинката.

Scroll to Top