Top Sport

ММА камбек за историја – од клинч го „тресна“ од подот!

Узбекистанскиот ММА ветеран Нурсултан Рузибоев имаше еден од најимпресивните враќања за победа во кафезот, откако на БФЦ 47 (Brave Combat Federation), беше многу блиску до пораз со давење во првата рунда, пред да го крене Ибрахима Мане и да го тресне од подот за импресивна победа во Бахреин.

Кога изгледаше дека Узбекистанецот е блиску до капитулација, тој го преврте својот противник и го тресна од подот, предизвикувајќи итна интервенција на судијата со противникот во несвест.

Scroll to Top