Top Sport

Вилас-Боаш се враќа во Европа, ќе го предводи Марсеј

Португалскиот тренер Андре Вилас-Боаш по две години повторно би можел да работи во Европа. Поранешниот тренер на Порто, Тотенхем, Зенит и Челси од 2017 година го предводи Шангај СИПГ.

Португалецот познат и под прекарот „малиот Мурињо“ се поврзува со тренерската функција во Олимпик Марсеј.

„Уште во 2013 година имав контакти со Марсеј, но тогаш заминав во Зенит. Марсеј е еден од најголемите европски клубови, поранешен европски првак, клуб со голема традиција. Секако дека е добра опција за мене, но само доколку ме повикаат“, рекол Португалецот.

Вилас-Боашво кариерата бил шампион на Русија и Португалија, а со Порто во 2011 година ја освоил Лига Европа.

Scroll to Top