Top Sport

Момчето Том од Ѓоковиќ добило уште еден подарок

Новак Ѓоковиќ, по победата над Стефанос Циципас, во финалето на Ролан Гарос, на едно момче, по име Том, од првиот ред на трибините му го подари својот рекет. Видеото кое ја забележа радоста на момчето молскавично се рашири по социјалните мрежи.

„Не знам кое е детето, но го слушав цело време. Ме подржуваше и кога губев со 0-2. Дури и ми даваше совети во текот на мечот, како тренер. Тој беше најдобриот избор, сакав нему да му го дам рекетот, ме поддржуваше во текот на целиот меч“, рекол Ѓоковиќ.

Таткото на момчето, открил дека Ѓоковиќ имал уште една средба со неговиот син.

„Новак му кажа да го почека додека не заврши свечената церемонија. Кога се врати, на Том и на неговата сестра им подари по едена капа. Дури и разговараше со него“.

Таткото истакнал дека неговиот син секаде оди со капчето на главата.

„Утрово ја носеше во училиште, сакаше да го носи во текот на ручекот. Во сабота игра на турнир, мислам дека и тогаш ќе го носи. Тоа е момент кој засекогаш ќе му остане во сеќавање. Новак многу му значи. Беше тоа вистински момет на среќа“.

Ѓоковиќ: Ова дете ми помогна кога губев 0-2

 

Scroll to Top