Гаел Монфис додели уште една лекција на професионален тенис, откако освои неверојатни 93 отсто поени на прв сервис за 6:3/7:6(5) победа над Гркот Стефанос Циципас во четврт-финалето на Софија опен.
Искусниот Французин, кој ја има можеби најатрактивната игра на турнејата, но падна на 33. место на АТП листата, влезе во полуфиналето на бугарскиот турнир без загубено сет. 32-годишниот Монфис направи два брејка во првиот сет, и потоа лесно го доби и тај-брејкот во вториот за импресивна победа.
„Денеска бев навистина агресивен. Го диктирав темпото и ја завршив работата, а сервисот навистина добро ме служеше“, вели Монфис.
Тој во полуфиналето ќе игра со рускиот трет носител, Данил Медведев, кој со 6:4/6:1 го „збриша“ Словакот Мартин Клижан. Во второто полуфинале ќе играат италијанското изненадување Матео Беретини кој со 4:6/7:5/6:4 го победи Фернандо Вердаско, и Унгарецот Мартон Фучович, откако неговиот противник Роберто Баутиста Агут се повлече пред стартот на мечот.
Alive to thrive!
?? ?@Gael_Monfils rallies past second-seeded Stefanos Tsitsipas 6-3 7-6(5) to reach the semis at #SofiaOpen pic.twitter.com/gh4cCmv74B
— Tennis TV (@TennisTV) February 8, 2019