Францускиот ветеран Гаел Монфис првпат во кариерата освои две титули во низа, откако во финалето на АБН АМРО опен во Ротердам со 6:2/6:4 го победи канадскиот тинејџер Феликс Оже-Алијасим.
Деветтиот носител од Франција, кој минатата недела триумфираше пред домашната публика во Монпелје, победува по вторпат во низа на АТП 500 турнирот во Холандија. 19-годишниот Оже-Алијасим успеа да спаси четири меч-топки во финишот на мечот и да стигне до првиот брејк во мечот, но потоа Монфис лесно го комплетираше мечот.
Монфис имаше 15 директни победнички топки во однос на 20-те на Канаѓанецот, но затоа направи само 14 неизнудени грешки во мечот од час и 26 минути. 21-рангираниот Оже-Алијасим сега има 0-4 скор во АТП финалињата.