Несомнено бруталниот пораз од Дастин Поаире ја наруши репутацијата на Конор Мекгрегор, а можеби ги загрози и неговите следни планови за големи мечеви во октагонот, или во боксерскиот ринг.
На цела мака, нему му се навртеа и старите ривали (кои го имаат победено), прво Хабиб Нурмагомедов, потоа и Флојд Мејведер Јуниор. Коментирајќи пост во кој се прашува зошто Конор е сакан за своето однесување, за кое Мејведер е осудуван, американскиот боксер влезе во напад на Ирецот.
„Сум го видел тоа и претходно и мое мислење е дека светот знае дека Кон Артист Меклузер може да украде се од мене и да биде сакан, додека мене ме мразат. Тоа само покажува дека постои расизам. Знајте дека овој пропаднат никогаш нема да биде како мене или на мое ниво. Јас сум поинаков, мојот ум е од друга планета, моите вештини се најдобри, и да, јас често зборувам, но секогаш го покажувам тоа. Тоа го мразат. Конор не може да победи во својот спорт, а зборува за да се врати во боксот за меч со Пакјао. Никој не сака да го види тоа“, пишува Мејведер.