Поранешната гренд слем шампионка, Шпанката Гарбиње Мугуруза е шампионка од ВТА 500 турнирот во Чикаго, откако во неизвесен меч се врати од еден сет негатива за 3:6/6:3/6:0 победа над Тунижанката Онс Жабер.
Мугуруза до својата втора титула оваа сезона и деветта во кариерата стигна на потешкиот начин – прво го загуби првиот сет со 3:6, а откако израмни на 1:1 во сетови, мечот беше прекинат речиси цел час поради дожд во Илиноис. Кога двете тенисерки се вратија на теренот, Мугуруза почна фантастично и не дозволи Жабер да се врати во ритам за нова титула.
Со победата, Мугуруза се искачи на шестото место во трката за ВТА финалето.
Full speed ahead ?
?? @GarbiMuguruza dominates the decider and takes the title at the Chicago Fall Tennis Classic ? pic.twitter.com/Lxd4s2EIHe
— wta (@WTA) October 3, 2021