Тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, смета дека Ник Кирјос нема да освои Гренд слем титула доколку драстично не го смени своето однесување кон спортот.
Муратоглу објаснил што според него е најголемиот талент кај спортистите.
„Мислам дека најголемиот талент е работата и амбицијата. Не е доволно само да сте талентирани да го удирате топчето, односно тој може да помогне во одредени ситуации, но може да биде и опасен. Кога работев со Димитров тоа секогаш му го зборував бдејќи тој е многу талентиран. Кај најголемиот број од тенисерите талентот преставува проблем“, смета Муратоглу.
„Кога имате талент, а покрај тоа имате амбиција и рабтна етика како што тоа го има Роџер Федерер тогаш сте легенда, но тоа не се случува често. Ник Кирјос на пример има талент, но уште многу други момци се талентирани. Талентот е ништо доколку не давате се од себе во текот на мечевите. Тоа е прашањето на кое сакам да одговорам, кога сакам да знам дали тоа момче (Кирјос) може да биде прв или да освои Гренд слем. Мојот одговор е дека засега тоа нема да се случи. Зошто? Не работи доволно напорно, не е целосно подготвен и не се бори во текот на мечевите. Зверев можеби има помалку талент од Кирјос но тој дава 100 отсот од себе на мечевите“, заклучил Муратоглу.