Top Sport

На Кирјос му пречеше згодната девојка: Треба да ја оженам (видео)

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос призна дека ја загубил концентрацијата од една згодна девојка на трибините откако загуби од Роџер Федерер во Лејвер купот во Швајцарија.

Кирјос започна одлично против 20-кратниот гренд слем шампион Федерер, освојувајќи го првиот сет во тај-брејк со 7:6. Но, по третиот гем во вториот сет, тој ја загуби формата и по еден загубен гем од Швајцарецот тој призна дека има проблеми.

„Загубив концентрација. Видов навистина згодна девојка во публиката. Да бидам искрен, сега би ја оженил. Сега!“, изјави Кирјос.

По ова, Кирјос не успеа да ја врати формата и загуби со 6:7/7:6/10:7 од Федерер.

Scroll to Top