Top Sport

Наоми Осака победи во родниот град Осака!

Поранешната светска тенисерка број 1, Наоми Осака го прекина постот со титули, откако триумфираше на Пан пацифичкиот опен во Осака, Јапонија со 6:2/6:3 победа над Русинката Анастасија Пављученкова.

Ова е прва титула за Осака по триумфот на Австралија опен во јануари, и до неа стигна за само 70 минути, доминирајќи на свој сервис (ги освои сите 20 поени на прв сервис) и комплетирајќи го мечот со три брејка и само 12 неизнудени грешки.

„Навистина е посебно да се победи тука во градот каде што сум родена. Домашната публика ми даде сила да играм постојано цела недела“, изјави Осака.

Пред оваа недела, 21-годишната Јапонка немаше поминато четврт-финале на турнир од април. Таа во саботата победи во два меча, триумфирајќи над Јулија Путинцева и Елизе Мертенс и го комплетираше турнирот без ниту еден загубен сет.

Scroll to Top