Нов турнир, ново „чудо“ од Ник Кирјос. Австралискиот тенисер, кој загуби во првото коло од Канадскиот опен од Британецот Кајл Едмунд (6:3/6:4), повторно предизвика скандал и беше казнет од судијата на столче, и тоа поради „погрешен“ пешкир.
Откако поголемиот дел од првиот сет го помина во расправија со судијата, тој ги загуби нервите откако инсистираше да добие бел пешкир, наместо пешкир со логото на турнирот.
„Не ми е дозволено да си заминам од столчето“, му објасну судијата, но Кирјос инсистираше да побара преку радио. На крајот, тој доби казна за пцости, пред по 20 минути игра да добие и пешкир каков што посакуваше.
.@NickKyrgios has produced one of his most ridiculous blow-ups yet, “ranting and seething” at the chair umpire over the Canadian Open towels. https://t.co/Ga7yFkjMs2 #7NEWS pic.twitter.com/3PxIAQ1koT
— 7NEWS Melbourne (@7NewsMelbourne) August 7, 2019