Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, единствениот скијач во историјата кој во една сезона победил на сите класични слаломски трки (Адеблоден, Венген, Кицбил, Шладминг), повторно покажаа дека е најдобар кога е најтешко, обезбедувајќи ја својата 30. победа од Светскиот куп пред 40 илјади швајцарски фанови во Венген, победувајќи го домашниот фаворит, Лоик Мејар.
28-годишниот Кристоферсен беше втор по првото возење на релативно чиста патека, за во второто да почне да врне силен снег, и тој мајсторски да ја помине тешката патека за комбинирано време 1:51.18. Мејар, кој се обидуваше да ја обезбеди својата прва победа во кариерата, направи две грешки и на крајот заостана 0.2 секунди. Подиумот го комплетираше сонародникот на Кристоферсен, Лукас Братен.