Top Sport

Болт следната година во Лигата на шампионите?

Осумкратниот олимписки шампион, Јусеин Болт добил понуда за двегодишен договор со клуб кој следната сезона многу веројатно ќе игра во Лигата на шампионите, тврди неговиот агент откако ја заврши „пробата“ во австралискиот тим, Централ Коуст маринерс.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри постигна два гола во пријателски меч против Мекартур Саут Вест јунајтед во петокот за Маринерс, кои сега треба да размислат дали ќе му понудат постојан договор.

Неговиот агент, Тони Релис, во интервју за „ЕСПН“ вели дека за него има вистински интерес од засега неименуван клуб од Европа, чија цел е следната година да игра во Лигата на шампионите.

„Има клуб во Европа кој му понуди двегодишен договор. Тие имаат нови сопственици кои имаат амбиции следната година да играат во ЛШ“, вели Релис.

Иако тимот засега останува анонимен, Маринерс имаат интернационална соработка со англискиот второлигаш Шефилд јунајтед, Сао Пауло во Бразил и унгарскиот Ференцварош, но и англискиот премиерлигаш Евертон, кој им праќа јуниори на тестирање.

Болт се повлече од атлетиката по слабиот настап на Светското првенство во Лондон во 2017 година како вистинска легенда и еден од најпопуларните атлетичари на светот.  Јамајчанецот, кој како јуниор играше и фудбал и крикет, не ја крие љубовта кон Манчестер јунајтед, но исто така беше поврзуван со Борусија Дортмунд, со кои тренираше минатата година.

Болт ги постигна првите голови во профи кариерата (Видео)

Scroll to Top