Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал во чекор го следи својот голем ривал Новак Ѓоковиќ на тенискиот Мастерс во Монте Карло. Предмалку Рафа со 6-4 и 6-1 за 94 минути игра славеше против Бугаринот Григор Димитров во осминафиналниот дуел. Димитров е 28 светски тенисер во моментов.
Интересно е што со идентичен резултат славел Шпанецот и минатата година, само тогаш во полуфиналниот меч на турнирот во Монте Карло, на земјена подлога, на која Рафа досега освоил рекордни 11 титули.
Бугаринот отпор пружи само во првиот сет кога по негативата од 1-4 успеа да се врати и да израмни на 4-4, но тоа беше се што стори на овој дуел.
Ова беше нивни 13 дуел, а Надал слави по 12-ти пат со што ја забележа 17-тата победа во Монте Карло во низа.
Во четвртфиналето Шпанецот ќе се судри со Аргентинецот Гвидо Пела, кој пак беше поуспешен од Италијанецот Чекинато со 2-1 во сетови.
Nadal/@RafaelNadal (?@TennisTV ) #RolexMCMasters pic.twitter.com/2lWhL8lYK6
— doublefault28 (@doublefault28) April 18, 2019