Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал е прв носител на АТП турнирот од серијата 500 во Акапулко. Со победа против сонародникот Пабло Андухар стартуваше на турнирот, а новинарите го искористија неговото присуство да го распрашаат на повеќе теми.
Воглавно, сакаа да знаат што мисли за можност Новак Ѓоковиќ да го надмине на листата по бројот на освоени грен слем титули.
„Имам добар однос и со Доминик Тим и со Новак Ѓоковиќ, но ако ме прашувате дали сакам Ѓоковиќ да освои повеќе титули од мене, одговорот е – не. Тоа е чисто професионална работа. Мислам да го прашате Новак кој би сакал повеќе да го освои Ролан Гарос, тој би рекол дека тоа е Тим, а не јас. Тоа е реалноста, не е упатена кон никого лично“ – рече Надал.
Шпанецот е втор во историјата по бројот на освоени грен слем титули, има 19, една помалку од Роџер Федерер.
Ѓоковиќ моментно е трет со 17.