Top Sport

Надал го објасни „ритуалот“ со местењето шишиња (видео)

Рафаел Надал, како и многу тенисери и други спортисти, има сопствен начин на подготвувањето за играта, со ритуали како местењето на панталоните пред секој поен, и посебно редењето шишиња во паузите меѓу гемови и сетови.

„Ако не знам што да правам со шишињата, значи дека во паузите треба да мислам на нешто друго, а не на тенисот. Вака, ќе ги поставам на свое место, го повторувам тоа, и стана помалку автоматски, така што концентрацијата оди кон играта и кон тоа што ме чека“, вели Надал.

За разлика од некои други тенисери, Надал во поголем дел од својата игра има целосна ментална контрола и вели дека никогаш не искршил ниту еден рекет.

„Не, не сум скршил ниту еден рекет. На почетокот на кариерата, не можев да го приуштам тоа, а покрај тоа и родителите не ми го дозволуваа тоа. Подоцна сфатив дека на тој начин ги контролирам емоциите“, додава светскиот број 1.

Scroll to Top