Top Sport

Пред мечот со Серон, Мекгрегор зборува само за Хабиб

Ирската ММА атракција Конор Мекгрегор во сабота навечер во Лас Вегас ќе го има својот долгоочекуван камбек во откагонот против Доналд Серон, но продолжува да зборува за тоа што го чека по тој меч, потенцијалниот римеч со најголемиот ривал Хабиб Нурмагомедов.

Мекгрегор пред УФЦ 246 вели дека не би му пречело да се бори со Камару Усман за УФЦ велтер титулата или со Хорхе Масвидал, но дека најголемата желба е новата пресметка со Нурмагомедов.

„Мораме да го направиме тој римеч, тоа е сигурно. Јас се обидувам да организирам меч во Москва бидејќи тоа најмногу би го сакал“, изјави Мекгрегор.

Со него се согласува и претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, кој изјави дека римечот би ги срушил сите рекорди и би донел милиони во заработувачка за двајцата фајтери.

„Мислам дека не е тајна дека Конор сака само римеч со Хабиб. Ако победи овој викенд, тогаш ќе биде многу блиску до тој меч, кој би бил најголем во историјата на УФЦ“, додаде Вајт.

Scroll to Top