Top Sport

Надал е „кралот на Париз“, 12 пат го освои Ролан Гарос

Рафаел Надал ја одбрани титулата и по 12 пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Во реприза на ланското финале на „Филип Шатрие“, Надал го растури Доминик Тим со 3:1 (6:3, 5:7, 6.1, 6:1).

Надал на патот до рекордната 12 титула во Париз ги победи Јаник Хофман, Јаник Маден, Давид Гофан, Хуан Игнасио Лондер, Кеи Нишикори, Роџер Федерер и Доминик Тим. Шпанецот сега има има 81 гренд слем трофеи, два помалку од рекордерот Роџер Федерер.

Тим одигра многу подобро него минатата година, но таквата игра му овозможи само да освои еден сет.

Откако Австриецот прв направи брејк во почетниот сет, Шпанецот возврати со ри-брејк во наредниот гем, а сетот го доби со 6:3.

Вториот сет донесе голема борба и брејк на Тим во 12 гем што му овозможи израмнувањр во сетови.

И кога сите очекуваа дека Австриецот ќе нападне, тој доживеа целосен колапс. Во третиот и четвртиот сет Надал делуваше импресивно му препушти на Австриецот по еден гем и во голе стил го освои пехарот.

Scroll to Top