Рафаел Надал стигна до 50 освоени сета едноподруго на земјена подлога, откако со 6:3/6:4 го совлада Аргентинецот Диего Шварцман за пласман во четврт-финалето на Мастерсот во Мадрид.
Шпанецот, очекувано, повторно доминираше на црвената земја во мечот од 1 час и 44 минути, за да го совлада рекордот на Џон Мекинро од 49 освоени сета едноподруго на освоена подлога (тепих во 1984 година). Надал оди на шеста титула во шпанската престолнина и му беше доволен еден брејк да го освои првиот сет, и иако загуби сервис во вториот, врати со два брејка за да го продолжи рекордот.
?? Rafael Nadal on clay:
6-1 6-4 6-1 6-1 6-4 6-3 6-0 6-1 6-0 6-1 6-2 6-2 6-2 2-0 6-3 6-4 6-0 6-2 6-3 6-1 6-2 6-2 6-3 6-1 6-4 6-4 6-1 6-3 6-3 6-2 6-0 6-2 6-4 6-1 6-3 6-2 6-4 6-4 6-1 6-3 6-0 7-5 6-4 6-0 6-2 6-1 6-3 6-1 6-3 6-4
? Fifty. Straight. Sets. pic.twitter.com/E7ZIVOKiSS
— bet365 (@bet365) May 10, 2018
Следен за Надал е Доминик Тим, откако австрискиот специјалист за игра на земја се врати од сет-негатива за 2:6/7:6(5)/6:4 победа над Хрватот Борна Чориќ. Претходно, Хуан Мартин дел Потро доживеа неочекуван пораз од Србионот Душан Лајовиќ со 3:6/6:4/7:6(6).
Фото: ЕПА