Top Sport

Надал и Ѓоковиќ импресивни пред Вимблдон

Првите двајца носители на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал покажаа дека се подготвени за настапот на најпрестижниот гренд слем со лесни победи на егзибицискиот турнир во Хурлингем и покрај тоа што двајцата решија да паузираат од АТП турнејата по крајот на Франција опен.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ, кој стана прв носител на турнирот откако Данил Медведев доби забрана за настап на Вимблдон поради тоа што Русин, а Александер Зверев е повреден, го „збриша“ младиот Канаѓанец Феликс Оже-Алијасим со 6:2/6:1 за нешто повеќе од еден час игра, покажувајќи дека е мотивиран за одбрана на круната од Лондон.

Претходно, Рафаел Надал, и покрај тоа што се жалеше на повредата на стапалото по освојувањето на Ролан Гарос, исто така покажа дека е подготвен за тенис на трева, победувајќи го Стен Вавринка со 6:2/6:3 за само 61 минута. Надал поведе со 3:0 во првиот сет, освојувајќи го за помалку од половина час, по што трикратниот гренд слем шампион Вавринка играше подобро во вториот сет, но Надал одговори со два брејка за победа.

go88 cổng game quốc tế go88 rút tiền trong bao lâu go88 hỗ trợ khách hàng

đường link tải sunwin Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN sunwin có uy tín không

Scroll to Top