Top Sport

Адетунџи со два гола се промовираше на Турците, Шкупи одигра 2:2 со Фенербахче

Македонскиот шампион, Шкупи двапати имаше водство, за на крајот да се задоволи со 2:2 реми со турскиот гигант Фенербахче во пријателски меч, во кој сите очи беа вперени во Сандеј Адетунџи, нигерискиот напаѓач кој наводно е пред трансфер токму во Фенер, според турските медиуми.

24-годишниот Адетунџи ја искористи својата шанса за да постигне два гола за Шкупи, двапати носејќи го скопскиот клуб до водство. Тој уште во 12. минута од мечот ги донесе Шкупи во водство, пред Фенер да израмни преку Бразилецот Линколн само три минути подоцна. Сандеј повторно „удри“ во 47. минута, пред Мухамед Гумускаја да израмни во 82. минута од мечот.

Според турските медиуми, Шкупи бара 2 милиони евра за трансфер на Адетунџи.

Scroll to Top