Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се наоѓаат под притисок да го откажат ревијалниот меч, што треба да се одржи кон крајот на годината во Џеда, Саудиска Арабија. Притисок врз тенисерите се врши поради исчезнувањето и убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Организацијата Амнести интернешнал бара од тенисерите да ја искористат својата глобална популарност и да го насочат вниманието на лошите состојби со човековите права во Саудиска Арабија.
Според некои информации, за овој ревијален меч, Надал и Ѓоковиќ ќе добијат по еден милион долари. Многумина веруваат дека организацијата на атрактивните спортски настани во изминатиов период е обид на Саудиска Арабија да го поправи лошиот имиџ што го има сво светот.
Во изминатите седум дена една фудбалската репрезентација на Бразил, во Џеда, одигра натпревари против домашната селекција и Аргентина, а за јануари е сакажн Суперкупот на Италија, помеѓу Милан и Јувентус.
„Надал и Ѓоковиќ одлучуваат каде ќе ги играат своите ревијални мечеви, но кога веќе одат во Џеда, би сакале да ја искористите вашата популарност и да укажете дека таму сериозно се кршат човековите права“, рекол за „Тајмс“, Алан Хогарт од британскиот огранок на Амнести интернешнал.