Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон, откако во драматичен меч во пет сета славеше против Тајлор Фриц со 3-6, 7-5, 3-6, 7-5, 7-6. И повторно се покажа дека во маратонските мечеви ретко кој може да го победи Надал, дури и кога има сет негатива, а и болки во коленото и стапалото. Сепак, на крајот тој успеа во тај-брејк во последниот петти сет да слави со 10-4, на поени, и да закаже полуфинална пресметка со Кирјос.
Фриц го доби првиот сет со 6-3, но Надал се врати и го освои вториот со 7-5. Третиот повторно му припадна на Тајлор Фриц со 6-3, но Рафаел Надал смогна сили да го добие четвртиот, повторно со 7-5.
Петтиот сет беше неверојатно драматичен, на крајот дојде до 6-6, па мораше да се решава победникот во тај-брејк. Менталната сила на Надал пресуди, Шпанецот поведе со 5-0, Фриц возврати со три поени во низа, но на крајот победата му припадна на поискусниот. Надал прв стигна до 10 поени (10-4) и го комплетираше мечот.