Рафаел Надал, овојпат пред полноќ, успеа да го совлада Борна Гојо со 6:4/6:3 за да ја запечати победата на Шпанија над Хрватска и да обезбеди пласман во четврт-финалето на Дејвис купот во Мадрид.
Гојо, кој е на 280. место на АТП листата, 279 места зад Надал, успеа да го предизвика Шпанецот во првиот сет, но на крајот подлегна на притисокот и загуби брејк во деветтиот гем. Вториот сет беше уште поедноставен – Надал направи брејк во првиот гем и загуби само четири поени на сервис. Претходно, Роберто Баутиста Агут со 6:1/6:3 го совлада Никола Мектиќ.
Шпанците се вториот тим кој се пласира во четврт-финалето по Канада, кои ги победија Италија и САД во првите два меча.
Новиот формат на Дејвис купот, сепак, предизвика многу критики, откако во „Ла каха магика“ имаше проблеми со распоредот на шесте меча во вторникот. Шпанија, на пример, ја совлада Русија со 2:1 со победа во двојки во меч кој заврши во 2 часот наутро, а два меча, Белгија-Австралиај и Италија-САД почнаа во 8 часот навечер. Надал призна дека е тешко да се стартува толку доцна.
„Тоа прави проблеми за нас, за тенисерите и за луѓето кои доаѓаат да ги гледаат мечевите“, признава Надал.
It wasn't always easy but @RafaelNadal sends Spain into the quarter-finals! pic.twitter.com/9XuLn6Y5Jt
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 20, 2019