Top Sport

Надал: Ќе имам деца кога спортскиот живот ќе го дозволи тоа

Освојувачот на рекордни 21 гренд слем титула, Рафаел Надал вообичаено го држи приватниот живот далеку од очите на јавноста, но сега проговори за неговите планови за проширување на своето семејство.

Надал беше во врска со својата долгогодишна девојка Марија Франциска Перелјо повеќе од 14 години пред да се ожени со неа во 2019 година, но останува единствениот до големата тројка без деца. Роџер Федерер има два пара близнаци, додека Новак Ѓоковиќ има син и ќерка.

„Би сакал да имам деца, момчиња, девојчиња, не е важно. Јас сум личност која сака многу деца и сум семеен човек. Но, исто така реалноста е дека годините поминуваат и би сакал да почнам со тоа поглавје на животот кога ќе го дозволи тоа спортскиот живот. Не е само да имаш деца, туку да се грижиш за нив. Тенискиот живот со толку патувања цела година не е идеален“, вели Шпанецот.

Scroll to Top