Top Sport

Фенер му дозволи само 17 поени на Реал во едно полувреме!

Фенербахче му се одмазди на Реал Мадрид со фантастична 66:51 победа во нивниот презакажан дуел од Евролигата, во неверојатна дефанзивна партија на турскиот клуб.

Реал постигна само 17 поени во првите 20 минути игра, што е најлош скор во историјата на „кралскиот“ клуб во Евролигата, откако претходно постигнаа 23 поени против Цибона во 2004/05. Со оваа победа Фенербахче стигна до петтиот триумф во низа за да го подобрат скорот на 12-10 и во исто време ја прекинаа низата од девет победи на шпанскиот клуб, кој сега има 20-4 скор.

Марко Гудуриќ и Мелих Махмутоглу беа лидери за домаќините со 11, односно 10 поени, додека Дајшон Пјер додаде 10 поени и 7 скока. За Реал, Валтер Таварес имаше 14 поени и 8 скока, а Серхио Љуљ 12 поени и 4 скока.

Олимпија Милано, пак, се врати на победите со 74:70 победа на гости кај Жалгирис, за да го подобрат скорот на 16-7 и да останат на третото место на табелата. За Жалгирис, пак, ова е деветти пораз во низа и тие се убедливо последни со 3-19 скор. Малколм Дилејни имаше 20 поени и четири тројки за Милано, Трој Дениелс додаде 15 поени.

ЕВРОЛИГА, ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Фенербахче – Реал Мадрид 66:51 (19:8, 8:9, 21:13, 18:21)

Жалгирис – Олимпија Милано 70:74 (18.17, 17.18, 16:18, 19:21)

Scroll to Top