Светскиот број 1 Рафаел Надал планира да настапи на завршниот Мастерс во сезоната, што ќе се одржи во Лондон од 10 до 17 ноември.
Надал, во саботата, му го предаде полу-финалниот меч на Денис Шаповалов во Париз поради повреда.
Шпанецот бил на лекарски прегледи на Мајорка и верува дека повредата не е сериозна, односно дека ќе биде подготвен за Лондон.
Надал, кој по една година и шест дена повторно е прв на АТП листата, се огласи на социјалните мрежи.
„Поздрав до сите. Во понеделникот бев на магнетна резонанца и без оглед на тоа што постои мало истегнување на мускулот во абдоменот, ќе одам во Лондон. Во четврток и петок ќе работам на сервисот. Планот е да настапам на АТП мастерсот во Лондон. Во благодарам за поддршката“, порачал Надал на „Твитер“.
Рафа Надал ќе биде прв носител во Лондон, а со Новак Ѓоковиќ нема да може да игра пред полу-финалето.