Рафаел Надал избори пласман во четврт-финалето на Ју-Ес опен со победата во четири сета над поранешниот шампион во Њујорк, Марин Чилиќ. Шпанецот 40 пат во кариерата ќе игра гренд слем четврт-финале. Против Чилиќ тој загуби сет, но доминанто избори пласман меѓу најдобрите осум.
Марин Чилиќ добро се држеше во првите два сета, вториот го освои и израмни на 1-1, но тогаш Шпанецот го крена нивото на својата игра. Во третиот сет играше само тој, дозволувајќи му на Чилиќ да освои само еден гем, а потоа во четвртиот ја заврши работата за конечни 6/3, 3/6, 6/1, 6/3.
Надал во четврт-финалето за противник ќе го има Аргентинецот Диего Шварцман кој успеа да слави над Александар Зверев.
Во четврт-финалето ќе игра и Гаел Монфилс. Францускиот тенисер го декласира Шпанецот Пабло Андухар со 6/1, 6/2, 6/2. За пласман во полу-финалето Монфилс ќе се бори со Италијанецот Матео Беретини.
Sprinting to the quarter-finals! ?
?? @Gael_Monfils beats Pablo Andujar 6-1, 6-2, 6-2. #USOpen pic.twitter.com/MxNm4zk38j
— ATP Tour (@atptour) September 2, 2019