Top Sport

Надал може да му „затне муцката“ на Кирјос

Рафаел Надал постави супер-пресметка со Ник Кирјос во второто коло на Вимблдон, откако по само два часа игра на „Теренот број 1“ со 6:3/6:1/6:3 го победи јапонскиот квалификант Јуичи Сугита.

Во мај, Кирјос го нарече Надал „супер-солен“, обвинувајќи го дека не знае да прифати пораз и додавајќи дека неговиот долгогодишен тренер, чичкото Тони Надал е „вистински идиот“. Шпанскиот трет носител сигурно ќе биде мотивиран да му ја „затне муцката“ на Австралиецот, но Кирјос по победата над Џордан Томпсон изјави дека има „заедничка почит“ меѓу двајцата тенисери. Надал изјави дека е престар да влегува во војна на зборови.

„Многу години сум на турнејата и нема да се тепам со никого. Тука сум да го правам тоа што го сакам“, изјави Надал, кој ја брка својата трета титула на Вимблдон, но прва од 2010 година.

Кирјос лудуваше на Вимблдон, па го победи сонародникот Томпсон (видео)

Scroll to Top