Хуан Мартин дел Потро ќе игра во финалето на гренд слемот во Њујорк, Ју-Ес Опен. Аргентинецот во финалето влезе откако Рафаел Надал му го предаде мечот, поради повредата на десното колено. Шпанецот одигра два сета (6:7, 2:6), а потоа реши да го предаде полу-финалето.
Дека со неговото колено неше не е како треба беше јасно кога Шпанецот побара медицински тај-аут по само седум гема во првиот сет.
До моментот кога реши да го предаде мечот, Надал уште два пати ја повикуваше на теренот медицинската екипа.
„Многу компликуван момент. Не ми беше пријатно, а нешто што мора да ме загрижи се случи во најнезгодниот момент. Вакво нешто саката да избегнете стално, особено во вакви мечеви. Морам да погледнам зад мене да видам што се сум постигнал и да се подготвам за долга рехабилитација. Имав проблеми во вториот и третиот меч на турнирот. Потоа беше малку подобро, но веќе на 2:2 во првиот сет почувствував болка. Потоа се обидував да откријам дали нешто може да се поправи…Не можеше“, изјавил по мечот Надал.
Juan Martin del Potro is through to the #USOpen final
Rafael Nadal has retired with injury.
Reaction: https://t.co/tj9FBmvxcN #USOpen pic.twitter.com/bJNPbyfQIe
— BBC Sport (@BBCSport) September 7, 2018