Top Sport

Надал не игра на Ролан Гарос?

Рафаел Надал не успеал да се опорави од повредата и ќе го пропушти својот омилен турнир Ролан Гарос првпат од 2004 година, јавуваат повеќе шпански медиуми, посочувајќи дека тој утре ќе одржи прес-конфееренција во својата тениска академијa во Манакор.

Шпанецот нема да ира на гренд слемот на кој има рекордни 14 титули, откако не успеа да се опорави од повредата на десната нога добиена на Австралија опен во јануари. Тој претходно не играше на северноамериканската турнеја, но се очекуваше дека ќе се врати на европската сезона на земја, пред да се повлече од турнирите во Монте Карло, Барселона, Мадрид и Рим и да одбие вајлд-карта од челенџ турнирот во Бордо.

По неговото откажување, тој ќе загуби 2.000 поени и ќе испадне од топ 100 на АТП турнејата, првпат од 2003 година.

Scroll to Top