Top Sport

Надал не издржа, се повлече од АТП финалето

Рафаел Надал, според очекувањата, се повлече од АТП финалето во Лондон поради повреда на коленото, која беше очигледна при поразот во првиот натпревар против Белгиецот Давид Гофан.

„Не сум подготвен да играм. Се борев знаејќи дека ова е мојот последен меч оваа сезона. Бев посветен да се обидам, бидејќи многупати сум се откажувал од овој турнир“, вели Шпанецот, кој во текот на целата кариера се бори со повреда на колената.

Надал, кој оваа година победи на Ролан Гарос по 10. пат и на САД опен по третпат, ретко се откажува додека трае некој турнир, но сега тоа му се случува двапати во низа, откако претходно се откажа и од Мастерсот во Париз пред две недели, каде што го обезбеди првото место на крајот на годината.

Гофан со шок за повредениот Надал

Scroll to Top