Top Sport

Надал не очекува враќање на тенисот во 2020

Шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал не очекува да игра тенис до крајот на годината, велејќи дека тенисот ќе се врати со Австралија опен следната сезона.

Тенисот, како и сите спортови, е стопиран поради корона вирусот, што предизвика откажување на Вимблдон и Ролан Гарос. АТП и ВТА турнеите се на „пауза“ барем до средината на јули, а се очекува оваа пауза да се продолжии и до крајот на летото.

33-годишниот Надал во интервју за весникот „Ел паис“ вели дека не очекува враќање оваа сезона на терените, и стравува дека паузата може да биде подолга.

„Се надевам дека ќе можеме да се вратиме на крајот на годината, но за жал не верувам во тоа. Треба да сме подготвени за 2021 година, а исто така сум загрижен и за Австралија опен во јануари“, вели Надал.

За време на паузата, минатата недела се одигра егзибициски турнир во Германија со нискорангирани тенисери и со посебни мерки за заштита – без фанови, деца кои собираат топки, ниту судии. Светскиот рекет број 354. Бенјамин Хасан пак, играше со маска на лицето.

Scroll to Top