Top Sport

Надал не „падна“ на провокации и му ја „затвори“ муцката на Кирјос (видео)

И покрај неколку необични моменти, Рафаел Надал со 6:3/3:6/7:6(5)/7:6(3) го победи австралискиот предизвикувач Ник Кирјос во второто коло на Вимблдон, кажувајќи го своето на тенискиот терен, откако Кирјос неодамна го нарече „супер-солен“ и го нарече неговиот чичко и ментор, Тони Надал „идиот“.

Секако, Кирјос имаше моменти по кои стана препознатлив за тениските фанови, како кога сервираше „под рака“ за да освои поен и го удри директно Надал со топче, но на крајот Шпанецот беше поконцентриран во клучните моменти добивајќи ги двата тај-брејка во вториот сет.

„Кажав и пред мечот дека кога тој сака да се натпреварува е еден од најопасните противници кои можеш да ги добиеш. Не сакам да ја коментирам неговата расправија со судијата, но тој е потенцијален гренд слем шампион ако игра добро. Малку ја загубив концентрацијата во вториот сет, но потоа се кренав и не му дозволив брејк“, изјави Надал, кој во третото коло има нов силен противник – Французинот Жо-Вилфрид Цонга.

Scroll to Top