Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Барселона опен, каде што ќе се обиде да стигне до рекордна 12. титула, откако со 7:5/7:5 со повеќе проблеми од очекуваното го победи Германецот Јан-Ленард Штруф.
За шанса да игра за трофејот на кралските терени во Барселона, Надал ќе мора да го победи подобриот од дуелот меѓу Доминик Тим и Гвидо Пелја, кои играат вечерва.
Во првиот сет, Надал загуби еден брејк за да ги искомпликува работите, но во последниот гем успеа да му врати на Германецот, додека во вториот дури во последниот гем направи брејк за победа по час и 43 минути игра.
Во второто полуфинале ќе играат Русинот Данил Медведев и Јапонецот Кеи Нишикори. Медведев со 6:3/6:4 го мина Николас Жари од Чиле, додека Нишикори исто така во два сета, со 6:4/7:5 беше подобар од домашниот тенисер Рубен Карбалјес Баења.