Светскиот рекет број 1, Рафа Надал потврди дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати во обид да добие дополнителен одмор пред одбраната на титулата од САД опен.
32-годишниот Надал го „збриша“ Гркот Стефанос Циципас во неделата за да ја освои својата 80. АТП титула на Роџерс купот во Торонто во саботата, по што на Твитер потврди дека нема да може да игра и во Охајо.
„Многу ми е жал што морам да сооопштам дека нема да играм во Синсинати оваа година. За ова има само една причина – морам да се грижам за моето тело и да го заддржам чувството кое го имам сега. Му благодарам на мојот пријател, директорот на турнирот, Андре Силва, кој ја сфати мојата ситуација“, вели Надал.
Во отсуство на Надал, светскиот број 2, Роџер Федерер, кој не играше во Торонто, е прв носител на турнирот.