Top Sport

Надал, сепак, нема да игра на Квинс

Светскиот број 1, Рафаел Надал се повлече од Квинс Клаб турнирот во Лондон, велејќи дека мора да го послуша телото и да одмори по 11-тата титула од Ролан Гарос.

32-годишниот Шпанец повторно имаше речиси совршена сезона на земја, победувајќи го Доминик Тим во финалето во Париз за своја 17. гренд слем титула. Тој обично се подготвуваше за Вимблдон со настап на елитниот Квинс Клаб, а сега останува неизвесно дали воопшто ќе игра и на гренд слемот на трева.

„Квинс е толку прекрасен турнир, и имам одлични спомени од освојувањето на титулата во 2008 година и навистина планирав да се вратам оваа година. Но, сезоната на земја беше долга и морам да го послушам телото“, вели Надал.

Новак Ѓоковиќ претходно прифати вајлд-карта за прв настап на турнирот по осумгодишна пауза.

Scroll to Top