Top Sport

Победнички кам-бек на Роџер Федерер во Штутгарт

Роџер Федерер се мачеше да се врати во ритам во првиот меч по речиси три месеци, но сепак, на крајот се созеде и го победи Миша Зверев на Мерцедес купот во Штутгарт.

Светскиот рекет број 2 го загуби првиот сет, но го совлада домашнот фаворит (кој, сепак, ја немаше поддршката од публиката) со 3:6/6:4/6:2 за да избегне пораз во првото коло како пред една година, кога Томи Хас го шокираше на подготвителниот турнир за Вимблдон.

Федерер загуби од Австралиецот Танаси Кокинакис на 24 март во првиот меч на Мајами опен, пред  втора година едноподруго да ја пропушти целата европска сезона на земја, предавајќи му на Рафаел Надал доминација на неговата омилена подлога.

Сепак, Швајцарецот на својата подлога треата има освоено 17 титули – девет на Хале опен и осум на Вимблдон. Тој има скор од 87 отсто победи на трева (165-24).

Scroll to Top