Top Sport

Вардар се пофали со Јуфо и Талески

Вардар презентираше уште две засилувања пред стартот на европските натпреварувања, откако ги промовираше Бразилецот Виктор Јуфо и Австралиецот со македонско потекло, Алекс Талески.

25-годишниот Јуфо, кој од 2015 до 2017 го носеше дресот на Шкендија, минатата сезона играше во Фљамуртари во Албанија, е играч од средината на теренот.

„Очекувам сè најдобро во новата средина, да дадам сè од себе за тимот да бележи само успеси. Среќен сум што сум тука и се надевам дека брзо ќе се наметнам во новиот клуб. Од сегашниот играчки кадар, познавам неколку играчи од Вардар, сум играл против нив во минатото. Знам што се очекува од Вардар, тимот секогаш оди на највисокото место на табелата, се надевам дека ќе успееме да дојдеме до титулата, и до успешни настапи и резултати во Европа“, изјави Јуфо за официјалниот веб-сајт на Вардар.

17-годишниот Талески доби двегодишен договор.

„Желбата да играм за Вардар е голема, сакам да се наметнам кај тренерот и да играм за овој клуб. Се надевам дека ќе имам само успеси во иднина, и дека следната сезона ќе ја завршиме како првопласирани во првенството. Исто така посакуваме да имаме успешен настап во квалификациите за Лигата на Европа. Прво ќе треба добро да се подготвиме во следниот период, и ќе сториме се следната сезона да ја вратиме шампионската титула. Јас и во пролетниот дел тренирав со екипата, одлично сум прифатен од соиграчите, и мислам дека нема да ми треба многу време за адаптација. Сега останува на мене да ја оправдам довербата и укажаната шанса да бидам дел од овој клуб“, изјави Талески по потписот на договорот.

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top