Top Sport

Надал со крвав нос избори пласман во третото коло

Рафаел Надал со многу осцилации и крвав нос успеа да го победи Фабио Фоњини во второто коло на Ју-ес опен. Шпанецот со победата од 2:6, 6:4, 6:2, 6:1, по 163 минути му се реваншираше на Италијанецот за поразот на овој турнир во 2015 година.

Необичен меч, со многу осцилации одиграа Надал и Фоњини, на крајот Шпанецот беше тој кој успеа да го најде својот ритам и да триумфира.

Фоњини со два брејка убедливо го доби првиот сет, а во вториот кој запопна со неколку брејкови имаше предност од 4:2. Фоњини тука застана, му дозволи на Надал да освои четири гема и да го изедначи резултатот.

Интересна ситуација се случи на почетокот на четвртиот сет. Во четвртиот гем, рекетот се одби од подлогата, го удри Надал и му го раскрвари носот.

Откако доби медицинска помош се врати на теренот.

Во следното коло Надал очекува да се сретне со Ришар Гаске кој во четири сета го совлада Миомир Кечмановиќ со 6:2, 6:4, 4:6, 6:4. Надал воси во меѓусебните дуели со 17:0.

 

Scroll to Top