Top Sport

Надал со нова рутинска победа, Димитров со епска битка со Џазири

Светскиот рекет број 1 и десеткратен шампион од Барселона, Рафаел Надал е на добар пат да ја освои титулата и по 11-ти пат, по 6:1/6:3 победата над шпанскиот сонародник Гијермо Гарсија-Лопез за пласман во четврт-финалето.

Ова беше 55. победа во 58 меча на Надал во Барселона и овојат тој имаше многу полесна задача од вчерашниот меч против Роберто Карбалјес Баења, кога остана на теренот речиси два часа. Надал загуби сервис само еднаш и го контролираше темпото од почетокот до крајот, освојувајќи 10 од првите 11 гема за 6:1/4:0 предност и го заврши мечот за час и 19 минути. Следен за него е Словакот Мартин Клижан.

Светскиот број 5, Григор Димитров пак, го преживеа дуелот со тунижанскиот аутсајдер Малек Џазири за да влезе во четврт-финалето со 7:5/3:6/7:6(8) победа. 88-рангираниот Џазири се врати за лесно освојување на вториот сет и поведе со 4:2 во третиот, но Димитров се врати да израмни на 5:5.

Бугаринот потоа пропушти три меч-топки во тај-брејкот, за да му дозволи на Џазири да сервира за победа при 8:7, но притисокот го направи своето и Тунижанецот ја упати топката во мрежата. На крајот, Димитров победи по меч од 2 часа и 49 минути.

Фото: ЕПА

Scroll to Top