Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал стана само петтиот тенисер во Опен ерата кој остварил 900 победи (900-187) откако со 6:3/2:6/7:6(4) го победи германскиот дебитант и поранешен тренинг-партнер, Максимилијан Мартерер на „Филип Шартие“.
10-кратниот шампион од Париз сега се приклучи на Џими Конорс, Роџер Федерер, Иван Лендл и Гијермо Вилас во топ 6 на тенисерите со најмногу победи. Надал вчера го прослави својот 32. роденден за сега да има скор од 83-2 на својот омилен турнир.
Следен за Надал е Аргентинецот Диего Шварцман кој се врати од два сета негатива и 3:5 во петтиот сет за да го елиминира Јужноафриканецот Кевин Андерсон.
22-годишниот Мартерер по само третпат игра на гренд слем турнир, но успеа да сврзе победи над Рајан Херисон, Денис Шаповалов и Јирген Цоп пред да „налета“ на Шпанецот.
Фото: ЕПА