Top Sport

Раскол меѓу тимовите од Серија А, Сампдорија бара сезоната да се поништи

Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро вели дека за него сезоната е завршена откако италијанските медиуми јавија за раскол меѓу клубовите од Серија А за тоа како да продолжи и дали воопшто да продолжи сезоната.

Серија А паузира повеќе од две недели по пандемијата на корона вирусот, а Италија е најпогодената земја во Европа со над 7.000 мртви. Фереро вели дека сезоната треба да биде поништена и следнат сезона Серија А да има 22 тима.

„Следната година Серија А треба да биде иста како и оваа, бидејќи за мене сезоната е веќе завршена. Беневенто има 69 поени во Серија Б, и нормално нема да седи во Серија Б, затоа следната година ќе играме со 22 тима. Скудетото? Знам дека газдата на Лацио, Клаудио Лотито ќе ме убие што го кажувам ова, но животот е таков, сезоната завршува со овие поени, на оваа позиција. Како би продолжиле? Да стартуваме на 4 мај имаме 12 меча, додека ги завршиме ќе дојде август. Што ќе се случи со следната сезона? Затоа да не зборуваме за оваа сезона, туку за следната“, вели Фереро.

Според италијанските медиуми има две групи на клубови од Серија А – едни кои се за прекин, а други, предводени од Лотито и Лацио, кои сакаат сезоната да заврши. Лацио се на второто место на табелата со само поен зад Јувентус и сакаат борба за титула.

Scroll to Top