Top Sport

Еванс го победи Едмунд во „Битката на Британците“

Ден Еванс уште еднаш покажа зошто е британски тенисер број 1, откако со 6:3/6:2 го победи Кајл Едмунд на егзибицискиот турнир во Лондон кој беше наречен „Битка на Британците“.

Пред враќањето на АТП и ВТА турнејата, во Лондон се организираше тениски турнир на најдобрите британски тенисери (без присуство на публика) на Националниот тениски центар. Ова е прва победа на Еванс над Едмунд во нивните кариери.

Претходно, Камерон Нори со 6:3/7:5 го победи Џејмс Ворд, кој беше замена за поранешниот гренд слем шампион, Енди Мареј, кој се повлече поради повреда откако го загуби полуфиналниот меч токму од Еванс.

Scroll to Top